ТАВ останува концесионер на македонските аеродроми

Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Дали и понатаму турската компанија „ТАВ“ останува акционер на аеродромот во Скопје и во Охрид е прашањето што го наметнаа спортските новинари откако ја објавија веста дека потенцијалното финансирање на ФК „Вардар“ од страна на „Катар ервејз“ е поврзано со  одговорот што оваа авиокомпанија го чека од македонската влада.

– Таа информација не е точна. ТАВ останува концесионер на македонските аеродроми – е кусиот одговор што „Слободен печат“ го доби од ТАВ.

ТАВ стана концесионер на двата аеродроми во 2010 година, а концесијата ја доби на 20 години.

Всушност, ТАВ е оператор со аеродроми, додека „Катар ервејз“ се занимава со друг бизнис- авионски превоз. До пандемијата, од Македонија имаше лет за Доха.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот