Таткото на Моника пријавил дека бил нападнат од својата ќерка, таа вели дека сам се удирал во ѕид

Таткото на претепаната активистка Моника Ристеска-Конопова вчера во полиција пријавил дека таа го нападнала него со тврд предмет, наведено е во полицискиот билтен.

Таткото на Моника пријавил дека тој бил тепаниот, а таа тврди дека тој самиот се удирал во ѕид
Пред два дена, пак, таа на Фејсбук напиша уште еден статус и вели дека нејзиниот татко намерно се удирал во ѕид.

Таткото на претепаната активистка Моника Ристеска-Конопова вчера во полиција пријавил дека таа го нападнала него со тврд предмет, наведено е во полицискиот билтен.

-Вчера во 11:30 часот во полициската станица Ѓорче Петров, 65-годишниот С.Р. од Скопје пријавил дека на 26 мај околу 21:30 часот во семејниот дом на улицата Антон Чехов, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од неговата 31-годишна ќерка М.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот- наведуваат во дневниот билтен од МВР.

Инаку, Моника Ристеска претходно за „Слободен печат“ го раскажа немилиот настан, при што објави фотографии со повреди и крв на лицето и напиша дека била нападната од татко ѝ додека се упатувала кон кујната да земе храна.

Таа вели дека татко ѝ е алкохоличар, ја нападнал со тупаници и ја удирал со дрвено столче од што ѝ е скршен носот и изместена вилицата.

-Пред да дојде полиција си ја лупал главата во ѕид, се самоповредил и глумел жртва, демек јас прва сум го нападнала, а тој мене од заседа ми се фрли“- напиша Моника.

Моника Ристеска: Татко ми ме претепа зашто бев да земам чипс од шкафчето во кујна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот