Таткотo на малиот Марко: Бевме подготвени за напади и обвинувања за кои тврдиме дека се без основа

Бевме подготвени за напади и обвинувања за кои тврдиме дека се без основа, вели Тони, таткото на тринаесет годишниот Марко Пејчиновски, кој се обиде да преплива 64 километри на рутата Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид за време на верскиот празник Богородица во Охрид.

Во врска со обвинувањата, неговиот татко Тони, во изјава за „Фокус” тврди дека доаѓаат од страна на неупатени лица, бидејќи на целиот настан му претходеле низа на подготовки, прегледи и консултации со стручни медицински лица.

– Марко помина добро на сите медицински тестови. Срцето во ред, крвта во ред, физичката кондиција во ред. Тој постојано беше под лекарски надзор. Зарем на децата треба да им ги поткастриме крилјата? Да не им дозволиме да си го остварат сонот? Секако дека целиот настан беше под голема контрола од возрасни и стручни лица. Да ги прашам тие кои што обвинуваат, а што ако тој успееше и го завршеше маратонот, и тогаш ли ќе негодуваа? Ако ние како родители имавме и најмал сомнеж дека ова може лошо да влијае, секако дека не би дозволиле да се случи. Но, кај нас ете секогаш некој за нешто мудрува, во секоја позитивна работа мора да се бара нешто лошо и да се критикува и напаѓа – вели Пејчиновски.

Целиот текст прочитајте го тука.

Што знае Mарко што се 64 километри?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот