Таткото на Лејди Гага барал донција од 50.000 долари, но фановите на пејачката го подбраа!

Фото: Инстаграм

„Сигурен сум дека Лејди Гага е многу повеќе од способна да ви помогне сега кога нема обврски“

Џо Германоти, татко на пејачката Леди Гага побара хуманитарна помош и ги замоли луѓето да му донираат дури 50.000 долари, за да може да ги плати вработените во ресторанот кој е моментално затворен.

Имено, таткото на популараната пејачка е сопственик на ресторан во Њујорк, кој моментално е еден од градовите во светот со најголем број на заразени од коронавирусот, а поради таа ситуација тој беше приморан да стави клуч одредено време.

Џо во петокот започна кампања за собирање пари за да може да ги плати сите трошоци на ресторанот и да ги исплати своите вработени, а отпушти дури 30 луѓе.

– Работам најдобро што можам, но моравме да го затвориме ресторанот. На нашите луѓе им е потребна финансиска помош, а секоја помош за нашите вработени ќе биде ценета – напишал Џо на неговиот твитер-профил, но набрзо ја избриша објавата.

Со оглед на тоа дека е татко на мегапопуланрата музичка сензација Лејди Гага, која само во текот на минатата 2019 година од концерти и продадени плочи, заработи 39.5 милиони долари, а нејзиното богатство според „Форбс“ се проценува на 300 милиони долари, многумина ваквиот потег ги разбесни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот