ТАТКОТО НА АВИЧИ: Неговата смрт беше голема трагична несреќа – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

ТАТКОТО НА АВИЧИ: Неговата смрт беше голема трагична несреќа

Низа на настани предизвикале непромислена одлука

Ди-џејот Авичи почина минатата година во април, а според сите докази, се работи за самоубиство.

Но, неговиот татко тврди дека младиот Тим никогаш не планирал да се самоубие и дека сето тоа бил несреќен сплет на околности кои довеле до неговото одземање на животот.

Клаус Берглинг, таткото на Авичи, познавајќи го својот син, во интервју изјавил дека многу работи му се случиле наеднаш и дека одлуката за трагичен крај била импулсивна, а сите настани довеле до неконтролирано однесување.

Кога се чувствувал лошо, Тим со часови разговарал со својот татко. Многу нешта го исфрлиле од баланс.

Авичи никогаш не криеше дека се бори со напади на паника во текот на настапите и дека никогаш не се ослободил од тремата и покрај илјадниците настапи кои ги имал низ целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close