Таткото на Анѓелка Прпиќ проговори за нејзината бременост со пријателот на нејзиниот поранешен сопруг

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Предраг Стевиќ, таткото на српската актерка Анѓелка Прпиќ (38), се појави во емисијата „Метар мога села“ во која зборуваше за нејзината бременост, пренесува „Блиц“.

Бременоста на Анѓелка кон крајот на минатата година стана главна вест во српските медиуми, а подоцна се дозна дека таткото на детето е најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, како што тогаш пишуваше „Блиц“. Анѓелка беше во брак со Дарио 9 години, а заедно го имаат синот Јакша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)


А, еве како нејзините родители се справуваат со целата ситуација.

– Па, да ви кажам, не баш лесно. Повеќе сопругата отколку јас… Малкумина ме прашуваат, но јас ја поддржувам во сѐ, тоа е мое дете. Јас не ни реков да се ожени, таа сама тоа го реши. Ви велам, никој никогаш не ме прашал: ‘Што се случило, што е ова…’, навистина никогаш, а кај Душка доаѓаат така, прашуваат, таа малку се нервира и се загрижува – рекол Предраг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)


Тој раскажа и дека Анѓелка не се променила откако станала позната на актерската сцена.

– Остана приземна, како што секогаш беше и она што ми е најмило, знае од каде е, што секогаш и го потенцираше и горд сум на неа што успеа во животот и што има и семејство, сега ќе има уште едно дете, како што знаете. Таа никогаш не заборави од каде доаѓа. Сака да доаѓа, а се однесува исто како и порано.  Порано повеќе доаѓаше, сега помалку, но нејзиниот син, нашиот внук доаѓа – рекол тој.

Откриени детали за разводот: Жешка сцена ѝ го уништи бракот на Анѓелка Прпиќ

ВИДЕО | Уловени: Бремената Анѓелка Прпиќ во прегратка со новиот партнер

„Ќе им бидам кум“: Поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ проговори за нејзината врска со неговиот најдобар пријател

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот