Таткото МОНСТРУМ го убил сопственото бебе – Го фрлил во река и ЛАДНОКРВНО заминал на пијачка

Фото: Фејсбук

Едномесечното бебе Закари било убиено во Манчестер од сопствениот татко (22) Зек Бенет Еко така што го ставил во носилка за деца и го фрлил од мост во река, а потоа ладнокрво заминал во блискиот паб на пијачка.

Шокирани сведоци раскажале дека виделе како момчето околу 16.30 часот го преминува мостот во Редклиф носејќи бебе во рачна носилка за деца и ја фрла од мостот во реката.

Екипата на итната помош успеала да го извлече се уште живото дете од водата на некои стотина метри од мостот и итно го пренела во болница, но бебето набргу починало.

Шанкерката во пабот во кој Бенет влегол, раскажала дека тој нарачал пијачка, но немал пари за да ја плати.

– А потоа група на луѓе влета во пабот, викајќи дека има бебе во реката. Тој седеше и зјапаше, не се помрдна, а кога повикавме полиција, рече на човекот до него дека тој го фрлил бебето во вода и дека пред тоа имал расправија со трудната сопруга. Сите беа на нозе освен тој. Само седеше и гледаше“, раскажува таа.

– Бебето во реката беше толку мало што мислев дека е кукла, рекол еден сведок.

Зак Бенет веднаш бил уапсен и отворена е истрага за убиство, а ужаснатите жители на местото на убиството носат цвеќе, играчки и палат свеќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот