ТАТКО СКОКНАЛ ПОД ВОЗ СО СВОЈАТА ЌЕРКА: Патниците занемеле, а потоа слушнале како девојчето го повикува таткото (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Американецот Фернандо Балбуена (45), со ќерката Ферни (5) во прегратка, скокнал во понеделникот под воз на станица на подземна железничка во Њујорк.

Тој починал на лице место, а детето некако преживеле, и тоа без никакви повреди. Страшната сцена која ги запрепастила сите присутни се случила во утринските часови на страница во Бронкс.

Очевидци за американските медиуми велат дека Балбуена, држејќи ја малата Герна во раце, скокнал пред возот број четири, кој пристигнувал на станицата.

Присутните останале во шок, мислејќи дека човекот се убил себеси и детото, а потоа се слушнало како девојчето под воз го довикува таткото.

Цезар Домингез (29) и Џаиро Торес (36), кои чекале превоз, веднаш скокнале на шините за да му помогнат на детето.

– Кога слушнав дека девојчето плакајќи го довикува таткото, како да ја слушнав својата ерка – рекол Домингез, инаку татко на шест деца.

Тој додал дека Балбуена не турнал никого под перонот, ниту пак дека случајна паднал, туку скокнал под воз со намера да се убие себеси и детето.

Балбуена неколку минути пред да се убие добил пивик од својата жена и преку телефон се збофувал од неа.

Според очевидци, а како што пренесуваат американските медиуми тој наводно на својата жена и порачал „да ги чува децата“.

https://youtu.be/TEMOe9871Hs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот