Татко се разделува од керка сѝ, за да одлежи казна затвор поради кражба на дрва

Станува збор за Босанецот Фикрет Дедиќ, кој оди на отслужување шестмесечна казна затвор , зашто исекол три кубика дрва од државна шума.

На социјалните мрежи се шири објава со фотографија на која се гледаат прегрнати татко и неговата ќерка. Во објавата на Фејсбук пишува дека причина за оваа фотографијата е разделбата со ќерката поради тоа што нејзиниот татко мора да замине на отслужување казна затвор.

Неговата сопруга Рамиза вели дека тој сечел дрва во шумата зашто немаат пари , а треба да се згрее скромниот дом, каде живеат со три деца. Таа вели дека по објавувањето на фотографијата на Фејсбук , почнале да доаѓаат хумани луѓе за да им нудат помош.

Ниту Фикрет, ниту Рамиза немаат работа, работат само сезонски за да го прехранат семејството. Неговиот пријател во објавата на Фејсбук објави дека Фикрет не сакал да краде од продавница или од луѓе, туку отишол во државна шума, ги исекол дрвата и ги пренел до дома на грб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот