Татко паркирајќи го возилото го прегазил своето 2-годишно дете

Татко синоќа си го прегазил својот двегодишен син додека се обидувал да го паркира автомобилот во двор на куќа во скопски Сарај, информира МВР.

Повреденотo дете било донесено синоќа околу 23 часот во Градска општа болница „8-ми Септември“. Според пријавата, дваесет и деветгодишниот татко го прегазил детето движејќи се наназад со автомобилот “Мерцедес“, без да го забележи.

-На 25.06.2020 во 23,10 во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8-ми Септември“ било донесено повредено двегодишно дете од с.Сарај,скопско, кое, според пријавеното, било повредено така што додека неговиот татко Б.М(29) од с.Сарај се обидувал да го паркира возилото „мерцедес“ во дворот, движејќи се наназад без да го забележи го прегазил двегодишното дете- стои во дневниот билтен на МВР.

Од доктор била констатирана смрт. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено за обдукција на Судска медицина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот