Татко осуден на седум години затвор за продажба на малолетната ќерка

За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– Предметниот кривично правен настан се случил во 2013 година кога Т.Д. ја присилил на брак својата тогаш 17-годишна ќерка и ја продал за 6.000 евра на семејство во Словенија. Оштетената малолетничка таму од страна на новото семејството била третирана како предмет на купување, за што надлежниот суд во Марибор во декември 2015 година ги осудил сопругот и неговите родители и им изрекол ефективни затворски казни, соопшти Јавното обвинителство.
За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
– Надлежен јавен обвинител веднаш започна истрага за кривично правниот настан против таткото на оштетената. Преку меѓународна правна помош за случајот беа обезбедени докази и разменети информации со словенечките колеги. Во текот на истрагата се утврди дека родителите на момчето го договориле бракот и таткото на малолетничката дал согласност невестата да ја даде за пари на човек што првпат го гледа, а кога малолетничката се спротивставила обвинетиот физички ја нападнал и ја присилил на брак, се додава во соопштението од Јавното обвинителство.
Прочитајте и...  Скопјанец фатен со 10 зипер кесички марихуана

Поврзани вести

Апсење во Чаир, падна дилер на кокаин и хероин

Слободен печат

Приведен 35-годишен маж со шпанска лична карта за трговија со дрога

Слободен печат

Скопјанец однесен во станица, се однесувал агресивно кон полицаец

Слободен печат

Полицијата одзеде возило поради сомнение за фалсификување број на шасија

Слободен печат

Приведено лице барано со потерница

Слободен печат

Скопјанец фатен со 10 зипер кесички марихуана

Слободен печат

Остави Коментар