Татко осомничен за силување на МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА, мајката го пријавила случајот

Полицајците од БиХ уапсиле во петокот 44-годишен маж од Орашје заради сомнежи дека ја силувал својата малолетна ќерка.

Извор близок до министерството за внатрешни работи на Посавскиот кантон во БиХ откри дека во петок во раните часови во полициската станица на Орашје дошла 36-годишната сопруга на осомничениот, која го пријавила морничавиот случај.

Мајката во пријавата навела дека за време на оваа година во повеќе наврати нејзиниот сопруг имал сексуални односи со нивната 17-годишна ќерка.

За да биде работата полоша, се се случувало таму каде детето треба да биде најсигурно – во нивниот семеен дом. Шокираните истражители на Посавскиот кантон, кога ја добиле пријавата, превземале акција за да го расветлат кривичното дело, кое ги вознемирило граѓаните на Орашје.

Полицајците потоа за се го известиле дежурниот обвинител и во истиот ден во попладневните часови, според наредба на Општинскиот суд во Орашје, тие дошле на вратата на обвинетиот татко. Како што дознава Аваз, куќата била детално пребарана за добивање на материјални докази кои би можеле да помогнат на истрагата за покревање на обвинение.

Полицајците во исто време го уапсиле мажот. Од полициската станица потврдиле дека настанот се истражува.

– Предметот е многу чувствителен, бидејќи жртвата е малолетничка, а се збори за тешко дело против полова слобода и морал. За заштита на истрагата, не е можно да се откријат детали, ниту идентитетот на осомничената личност, а се со цел заштита на самата жртва – рекле од полициската станица на Посавскиот кантон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот