Татко од Иран и ја отсекол главата на ќерката: Сите се шокирани од казната што ќе ја добие (ВИДЕО)

Иранската полиција уапсила маж кој се сомничи дека ја отсекол главата на својата 14-годишна ќерка Ромина Ашрафи.

Таа побегнала од дома во провинцијата Гилан со својот 35-годишен дечко откако таткото се спротиставувал на нивната врска.

Парот потоа бил пронајден од полицијата па Ромина била вратена дома, иако рекла дека се плаши за сопствениот живот заради своите постапки, пишува Би-Би-Си.

Минатиот четврток татко и влегол во спалната соба и ја нападнал. Како што наведуваат локалните медиуми, на Ромина и била отсечена главата со остар предмет, најверојатно срп. Потоа со крвавата алатка излегол од куќата и признал што направил.

Иранските медиуми се огорчени од приказната и предупредуваат дека се ова е последица на недостаток на закон со кој би се заштитиле девојчињата од насилство во фамилиите.

Во меѓувреме хештегот направен на персиски, кој збори за Ромина, а на латиница е #romina_ashrafi, на социјалните мрежи е искористен повеќе од 50.000 пати. Корисниците на социјалните мрежи го осудуваат патријархалното иранско општество и насилството кое се случува над жените и малолетните девојки.

Бившата потпретседателка и моментално главна адвокатка на иранското друштво за заштита на женски права „Shakindokht Molaverdi“ порача дека Ромина не е прва, ниту последна жртва на „убиство од чест“.

Таа додала дека таквите убиства ќе продолжат се додека законот не се позанимава со машката доминација во културата.

Иранскиот казнен закон дава помала казна на татковците и другите членови на фамилија кои извршиле убиство или телесно го повредиле детето заради честа. Ако мажот се прогласи виновен за убиство на ќерката во Иран, вообичаената казна е меѓу три и десет години во затвор, за разлика од смртната казна во останатите случаи, известува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот