Татко на интересен начин ѝ помага на својата ќерка да го преброди стравот од игли! (ВИДЕО)

инстаграм

Многу луѓе и во возрасната доба имаат страв од вадење крв и игли. Но, еден татко од Њу Орлеанс по име Кортни, цврсто одлучил дека на својата 4-годишна ќерка Коди Џеј ќе ѝ помогне да го совлада тој страв.

Кога девојчето било поприлично вознемирено на патот кон болницата, таткото смислил како да ја опушти. Коди му седела во скут, а Кортни со помош на медицинската сестра одглумил дека тој прв се боцка, пренесува Unilad.

„Прво една за тато, може? После ти си на ред“, вели медицинската сестра.

„Ова не е ништо страшно. Само малку ме пецна“, коментирал таткото со ќерката.

Снимката станала вирална, а инстаграм-корисниците не ги криеле своите воодушевувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот