Татко и син се обиделе да прошверцуваат 9-годишно девојче, цариниците шокирани каде тоа било скриено

Двајца косовски државјани, татко и син, се уапсени при обидот да прошверцуваат 9- годишно девојче од Косово преку Србија во Германија во автомобилскиот простор за резервна гума.

Српските цариници во саботата на граничниот премин Мердаре спречиле обид за криумчарење на деветгодишно девојче од Косово во Германија. Детето било најдено во просторот за резервна гума во Крајслер со германски таблички. Со него патувале 42- годишен татко и неговиот 17-годишен син на пат од Подујево кон Германија.

Таткото имал косовски пасош, а синот германска лична карта. Тие рекле дека немаат ништо за царинење, но во соработка со полицијата, цариниците го нашле девојчето, покрај коe имало и документи.

Возачот, откако било најдено девојчето, рекол дека тоа му е внука, која живее во Германија и дека случајно се сокрила во автомобилот.

Девојчето е предадено во центарот за социјална работа во Прокупље, а таткото и синот се задржани во 48-часовен притвор до судењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот