Татко и син испишаа историја во Премиер лигата! (ФОТО+ВИДЕО)

twitter.com/suheeybdesign

На 4 март 1995 година се случи нешто посебно се случи во англискиот клубски фудбал. На „Олд Трафорд“ играа Манчестер Јунајтед и Ипсвич Таун. Тоа беше дуел помеѓу две екипи кои стоеја на спротивните страни на табелата.

На „црвените ѓаволи“ им беше потребна победа за да го продолжат атакот по водечкиот Блекбурн на Алан Шарер, додека Ипсвич беше во безизлезна ситуација.

Го држеа претпоследното место со осум бодови под безбедната зона, само Лестер тогаш беше полош.

принтскрин/index.hr

Иако во првиот натпревар од таа сезоната Ипсвич славепе со 3:2 на својот „Портман Роуд“, Јунајтед се реваншираше на најдобар можен начин на тој 4 март, а несреќниот голман Форест прими дури девет гола.

Енди Кол постигна пет, Марк Хјуз два, а по еднаш Рој Кин и Пол Инс. Никогаш ниту еден клуб не победил со девет голови разлика во Премиер лигата. Тој рекорд траеше до синоќа, кога Лестер го совлада Саутемптон со 9:0 на гостински терен.

Шампион на крајот сепак беше Блекбурн на крајот со бод предност во однос на Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ ја испуштија титулата токму порази поразот од Ипсвич во првиот дел од сезоната. Ипсвич испадна од лигата, беше последен, а со него и Лестер во втората лига.

Скоро 25 години подоцна, истиот тој Лестер го изедначи рекордот на Јунајтед, но стана првиот тим во историјата на Премиер лигата што славел со девет разлика на гости. Она што ги врзува тие два рекорди и тие два натпревари се голманите на победничките екипи. И двајцата се презиваат Шмајхел.

Таткото Питер бранеше за Јунајтед и синот Каспер синоќа како голман ма Лестер. Двајца Данци, татко и син, така испишаа историја. Сè останува во семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот