Татко и ќерка шверцувале 1,2 тони кокаин, вреден над 100 милиони евра во контејнер со банани

Полиција во Црна Гора / Фото: МИА

Црногорските царински и истражни органи најверојатно ја информирале ДЕА за пратката со кокаин која била пронајдена во контејнерот со банани, пишува српски Курир.

Вишото државно обвинителство во Подгорица денеска соопшти дека поднело обвинение протв Будимир и Марина Крстовиќ, татко и ќерка, заради трговија со дрога.

„По спроведената истрага и анализа на сите собрани докази и податоци, Вишото државно обвинителство во Подгорица на 23.12.2021 година поднесе обвинителен акт против обвинетите Б.К и М.К., за сторено кривично дело неовластено производство, држење и пуштање во промет на наркотични дроги. – кокаин во количина од 1.206.253 килограми, за што е поднесено обвинение до Вишиот суд во Подгорица за одлучување по истото“, се вели во соопштението на обвинителството.

Во нивниот склад во селото Мојановиќи кај Подгорица пристигнал товар со дрога во вредност од 100 милиони евра, а Марина на рочиштето, според црногорските медиуми, изјавила дека нарачала банани од добавувач со кој соработувале за години. Марина и Будимир биле приведени кога во нивниот склад бил пронајден товар со кокаин.

Иако таткото и ќерката Будимир (66) и Марина Крстовиќ (27) се осомничени за оваа нелегална трговија со дрога, која била скриена во пратка со банани и чија вредност се проценува на повеќе од сто милиони евра, нарачателите на бизнисот допрва треба да се откријат.

По нивното апсење, црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ рече:

– Не можам да откријам детали од операцијата, но можам да кажам дека овде целта е да се стигне до главните, до врвот на пирамидата и очекувам дека ќе се постигне овој резултат. Не станува збор само за трговија со дрога или цигари, туку и за убиствата што се случија во претходниот период. Подготвен сум да се жртвувам за да постигнеме резултати – изјавил Абазовиќ за еден црногорски медиум.

Да потсетиме, Будимир Крстовиќ со семејството живее во Белград веќе 30 години. Таа е најголемиот увозник на банани во регионот. Семејството Крстовиќ има голем фрижидер на имотот во Зета и во Стара Пазова. На секои 15 до 20 дена од Јужна Америка пристигнуваат контејнери со неколку десетици килограми јужно овошје, главно банани.

Контејнерот во кој била пронајдена дрогата бил натоварен на почетокот на август во Јужна Америка, а со прекуокеански брод стигнал до Италија. Потоа бил претоварен во помал брод кој требало да ја пренесе робата до пристаништата на Медитеранот.

Крстовиќ и вработените во неговата компанија ги виделе тие банани дури откако биле донесени во нивниот фрижидер. Немале контакт со пакување, препакување, утовар, претовар, царинење. Има индиции дека контејнерите на оваа компанија и рутата по која биле транспортирани од Еквадор до Црна Гора се користеле за шверц на кокаин. За овој случај се заинтересирала Американската агенција за сузбивање наркотици (ДЕА), пред се` затоа што истрагата не утврдила ништо ново во однос на она што се знаело на почетокот на истрагата.

Црногорските царински и истражни органи најверојатно ја информирале ДЕА за пратката со кокаин која била пронајдена во контејнерот со банани.

Марина Крстовиќ била уапсена на 26 август, а нејзиниот татко Будимир еден ден подоцна под сомнение дека учествувале во шверцот на 1.400 килограми кокаин запленети во селото Мојановиќи. Во акцијата која резултирала со заплена на кокаин, учествувале службеници од Секторот за борба против криминалот, Центарот за безбедност во Бар и Подгорица, Управата за приходи и царината и од Вишото обвинителство во Подгорица, објави српски Курир.

Видео на денот