Татјана Алексиќ: Читаме за да постоиме!

Доколку се прашувате што да читате во деновиве на изолација или кој филм да го гледате во домашно кино, професорката Татјана Алексиќ има одлична идеја. Препораката се однесува на учениците, затоа што претпоставуваме дека повозрасните веќе одамна го сториле тоа. Но, не е грев ако сте ги пропуштиле „Илијада“ од Хомер, филмот „Троја“ или стиховите на Пушкин, како и култната драма „Македонска крвава свадба“, еве одлична можност, без простор за изговор, да го направите тоа. Имате повеќе од доволно време.

-Никогаш не сме имале толку време на располагање, за да може да прочитаме книга и да изгледаме нејзина филмска верзија, секако во домашен амбиент со пуканки! Полезно и корисно би било средношколците да ги прочитаат делата кои се за државна матура, без оглед на прогнозите дали и како би се реализирал матурскиот испит оваа учебна година. Читаме за да постоиме! На пример епопејата ,,Илијада” од Хомер има 1000 страници и тешка е за читање, но филмовите ,,Троја” и ,,300″ се одлични за да се долови митското и историското време на Тројанската војна.

Прочитајте и...  Долго време ја немаше во јавноста - Ќерката на Жељко Јоксимовиќ порасна во вистинска убавица (ФОТО)

Романот во стихови на Пушкин ,,Евгениј Онегин“ со тема за невозвратена љубов во вистински час, има романтична и автентична филмска верзија со убавата Лив Тајлер како Татјана.

Култната драма на Војдан Чернодрински ,,Македонска крвава свадба” од неодамна има дигитална верзија на истоимениот филм од 1969 година во режија на Трајче Попов – вели порфесорката Татјана Алексиќ.

Па, како што испаничени купуваме во маркети, случајно да не останеме гладни, да помислиме и на духовната храна која подеднакво ни е потребна како човечки битија. Сега барем имаме време за духовно богатење.

Прочитај повеќе

Анџелина Џоли донираше милиони за храна за децата во Америка!

Слободен Печат

Лекарот на Бен Афлек им покажа средни прсти на папараците! (ФОТО)

Слободен Печат

Почина Игор Спасов: Водителот на култната емисија е пронајден мртов во својот стан во Нов Белград!

Слободен Печат

Украден пиштолот од легендарните серијали за „Џејмс Бонд“!

Слободен Печат

Долго време ја немаше во јавноста – Ќерката на Жељко Јоксимовиќ порасна во вистинска убавица (ФОТО)

Слободен печат

Ваква фотка никој не очекуваше од неа: И Андријана Јаневска знае да биде секси! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пинк се напи во изолација, па ја скрати косата: Пејачката се кае за својата фризура (ВИДЕО)

Слободен Печат

Неколку работи кои ќе ги сфатите дури откако ќе станете родители

Слободен печат

ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА со Бисера Бендевска и нејзините предлози за книги за деца

Јасмина Кантарџиева Димков

Зошто докторите против чумата носеле чудни маски со клун?

Слободен печат

По 8 години нова песна на Боб Дилан: Песната е за убиството на Џон Кенеди и трае 17 минути! (ВИДЕО)

Слободен печат

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се вратија во САД! (ФОТО)

Слободен Печат