Татабања исфрлена од СЕХА, нов ривал на Вардар е Спартак Москва

На 20-тина денови пред стартот на ракометната СЕХА лига во која Вардар е актуелен шампион, дојде до промена на учесниците. Челниците на лигата одлучија да ја исфрлат унгарската екипа Татабања поради несогласувања со управата.

Местото на унгарскиот тим го зазеде Спартак Москва, кој е двократен вицешампион во рускиот шампионат. Станува збор за тим кој е формиран во 2017 година и е поддржан од Руската ракометна федерација, а главен спонзор е фудбалскиот клуб Спартак.

Рускиот тим ќе се натпреварува во групата А заедно со македонскиот и европски шампион, Вардар, Нексе, Татран Прешов, Војводина и белорускиот Мотор. Стартот на сезоната во СЕХА лигата е закажан за трети и четврти септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот