Тасевски: Сакате да го земеме законот во свои раце?

Откако Апелација ја намали казната за возачот кој на „Партизанска“ ја усмрти студентката Фросина, со реакција на својот фејсбук-профил се јави актерот Сашо Тасевски.

„Само три години затвор за оној што мртов пијан прегази девојка на Партизанска и тоа на пешачки премин. Апелација ја намалила првичната пресуда за три ипол години. Знаете што сакате? Да почнеме сами да го земаме законот у свои раце. Тоа изгледа сакате мамицата… Некој нажален татко еден ден ко ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават. Која е поентата? Родителите останаа без дете, а тој убиецот пак ќе биде на улица и ќе смее да вози по една година. За каква правда зборувате?“, напиша Тасевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот