Тасевски: Ја разгледувам секоја понуда, имав контакти со српски суперлигаш

Тасевски последен клуб кој го водеше беше Работнички, а претходно беше и на клупата на Вардар, Металург, Маџари Солидарност, дел од стручните штабови на бугарските тимови Локо Пловдив и Черно Море, како и асистент и тренер на кинескиот Хунан.

Во овој момент е слободен, но води разговори за евентуален нов ангажман во тренерската кариера.

– Моментно немам обврски, имав некои контакти со српскиот суперлигаш Радник Сурдулица, но не е уште ништо конкретно. Сега се отвора трансфер периодот и секоја евентуална понуда ќе биде разгледам – ни изјави Тасевски.

На крајот од месец март годинава се раздели со скопските „романтичари“ чии резултати во текот на изминатата сезона не беа најдобри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот