Тасева: Сомнителните огласи влијаат на индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси“

Фото: МИА

Ние ќе продолжиме да мониторираме и да нотираме, вели за „Слободен печат“, претседателката на „Транспаренси Македонија“, Слаѓана Тасева, коментирајќи ги најновите сомнителни огласи за вработување во јавната и државната администрација.

-Одговорите треба да се бараат од оние кои ветиле дека ќе ги спроведат препораките на ДКСК за вработувања во администрацијата. Следиме се и гледаме се и токму ваквите нешта секако дека на крајот ќе бидат земени предвид и ќе влијаат во Извештајот за индексот за перцепција за корупција, заклучи Тасева.

Само од почетокот на неделава два огласа што се најдоа на страницата на Агенцијата за администрација предизвикаа низа негодувања за потребните квалификации на лицата што ќе аплицираат на понудените позиции.

Последно, оглас распиша Генералниот секретаријат на Владата и тоа за позицијата „државен советник за општи работи“, чии месечни примања би изнесувале нешто над 38 илјади денари. Но, скандалозно е тоа што, меѓу останатите услови, нововработениот ќе треба да има завршено политички науки, економски науки или кинезиологија, односно за позицијата може да биде вработен и масер.

Во меѓувреме тече огласот и на Фондот за здравствено осигурување, каде се бара советник за административни работи, чија плата би изнесувала 34 илјади денари. Сепак, спорно е што ФЗО на ваквата позиција би вработил и лице што завршило ликовно образование. Од оваа институција, за „уметникот“, се правдаат дека огласот се должи на старата систематизација.

Министерот Шаќири уверува дека за огласот во Влада нема клучен предуслов да биде кинезиологијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот