Тасев: Политичарите го кочат бизнисот бидејќи не создаваат услови за добар бизнис

СДСМ покажува дека си ја чувствува оваа држава како приватна сопственост, од друга страна ВМРО-ДПМНЕ покажа дека сè уште не созреало, вели бизнисменот Никола Тасев во „Утрински брифинг“.

Кои се интеракциите помеѓу бизнисот и политиката . Едни велат почнат ли избори запира бизнисот, други велат дека доколку дојде до смена на власта, замираат одредени фирми, а се раѓаат нови. Гостин во студиото на „Слободна ТВ“ во „Утрински брифинг“ е бизнисменот, новинар, колумнистот и едно време директор на Нова Македонија, Никола Тасев.

-Времето на Љубчо Георгиевски беше најдобро за бизнисот. Во последно време секогаш кога доаѓаат избори, бизнисмените ги стегнуваат парите, запираат со инвестирање, чекаат да видат што ќе се случи. Последниве години од 2016 па досега, се малку поразлични заради оној концепт – „Пржинска влада“- рече во „Утрински брифинг“, Никола Тасев, бизнисмен, новинар, колумнист и едно време директор на Нова Македонија и политичар во времето на Љубчо Георгиевски.

Тој експеримент, микс, вели Тасев, ретко може да се види во некоја друга држава и не може да биде успешен околу содавање добра атмосфера за бизнисот.

– Политичарите го кочат бизнисот бидејќи не создаават услови за добар бизнис. Од друга страна проблемот е и кај бизнисмените – премногу се тивки. Треба да престанеme да се собираме по стопански комори каде што се повикуваат премиери и министри да се удвараме и да биде побитно да се сликаме со нив, отколку да се каже дека „тоа и тоа“ не функционира, не го бива. Видете ја „Пржинската влада“. Во првите денови луѓето беа исплашени што се случува. СДСМ покажува дека си ја чувствува оваа држава како приватна сопственост, од друга страна ВМРО-ДПМНЕ покажа дека сè уште не созреало. Нивните функционери во власта се однесуваат како да си ја вратиле државата како нивна сопственост, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Никола Тасев, бизнисмен, новинар, колумнист и едно време директор на Нова Македонија и политичар во времето на Љубчо Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот