Тарт со карамелизирани јаболка

Состојки:

– 1 пакување лиснато тесто
– 3 средно големи јаболка
– 2 лажички сок од лимон
– ¼ до половина лажица цимет во прав
– ¼ чаша шеќер
– 30 г несолен путер

ПОДГОТОВКА:

Јаболката излупете ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во сад и измешајте ги со сокот од лимон и циметот. Во тава загрејте го шеќерот додека се карамелизира, веднаш тргнете го садот од оган и додајте го путерот. Измешајте, па додајте ги јаболката. Ставете ја тавата во рерна на 180 степени околу 25 минути, за да омекнат јаболката, но сепак да останат крцкави. За тоа време расукајте го тестото во дебелина до 3 мм. Извадете го садот од рерна и проверете со вилушка дали се омекнати јаболката, па покријте ги со тестото. Со нож исечете го да биде во ширина со тавата. Вратете да се пече уште 40-ина минути на 160 степени. Кога ќе биде печен тартот, извадете го од рерна и оставете го еден час да се излади. Превртете го тартот и со лажица полејте од сокот што остана во тавата. Послужете го така или со топка сладолед од ванила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот