Таргетирано ја насочуваме помошта таму каде што е потребна, вели Битиќи

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг
Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за 24Инфо вели дека Владата успешно менаџира во услови на кризата, спроведувајќи голем број мерки, а најави и наредни мерки.

,,Суксесивното и таргетирано носење на антикризни мерки даде одличен резултат за време на корона кризата, што беше изведено како заклучок во повеќе извештаи и анализи кои го анализираа справувањето со кризата во регионот и Европа.И оваа криза е исто толку непредвидлива и бара навремено и постојано прилагодување на истата. Ваква непредвидливост бара внимателно справување со ризици и тоа економски може да се справиме, бидејќи има економски механизми. Она што е потешко е справување со неизвесноста, која креира негативни психолошки реакции кои не може економски да се предвидат.Токму затоа сметам дека она што е круцијално во справувањето со оваа криза е токму справувањето и одговарањето, колку што е можно, со неизвесноста која граѓаните може да ја чувствуваат. Покажавме дека се грижиме, дека никој нема да биде изоставен и дека таргетирано се насочува помошта онаму каде што е потребna”, вели Битиќи,

На прашањето за незадоволство во ССМ од каде велат дека со пакетот мерки нема ништо за работниците особено за оние кои добиваат минимална плата, Битиќи со одговор.

,,Овие мерки имаа директна финансиска поддршка за најранливите категории, но како што веќе кажав, мораме да ја гледаме големата слика, односно како овие 360 милиони влијаат на економијата и ефектот кој го имаат целокупно врз економијата а со тоа и сите граѓани, односно во овој случај, сите работници. Секако со потпомагањето и одржувањето на ликвидноста на компаниите индиректно се влијае на задржување на рбоотните места. Во мерките е опфатено и субвенционирањето на покачување на платите на работниците што секако е помош за работниците. Минатата година имаше историски највисоко покачување на минималната плата, но не само, туку и промена на целокупната методологија за пресметување на платите со што ним загарантирано ќе им следува усоглаување според повеќе параметри а меѓу нив е и покачувањето на стандардот, односно оваа Влада обезбеди долгорочна гаранција дека оние кои се приматели на најниски износи на плата константно, секоја година ќе имаат подобрување на животениот стандард, зависно од движењата во економијата, односно зависно од растот на севкупната економија како и од растот на трошоците за живот. И ова ги допира сите работници,
вели Битиќи

.

Тој во интервјуто за 24инфо додаде дека со мерките за субвенционирање на производството на електрична енергија што на крај ќе резултира со релативно ниски цени за крајните корисници кои се на регулираниот пазар, веќе е обезбедена стабилност и предвидливост за компаниите кои во најголема мера спаѓаат во групата на микро, мали и средни компании, а тука спаѓаат 70.000 компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот