Таравари: Зимбабве и Гана имаат повеќе вакцинирани од Македонија

Генералниот секретар на Алјанса за Албанците, Арбен Таравари упати остри критики кон актуелните политики на Владата во врска со справување со Ковид-19.

„Тотална неспособност. Ние не донесовме ниту една вакцина. Србија ни донесе неколку илјади вакцини. Ние сами донесовме многу малку вакцини. Тоа е страшно. Бројките секој ден растат. Еве ќе ви дадам неколку примери, да не зборувам за сериозни земји во Европа, еве видете Африка, видете во Зимбабве, во Гана и други земји имаат повеќе вакцинирани него Македонија“, рече Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.

Тој додава дека моменталната состојба е страшна и алармантна. Бројот на починати е висок, а Македонија е во ТОП 10 земји во светот по починати од Ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот