Таравари: Зад протестите за депонијата Русино се вмеша политиката и се бара инцидент по секоја цена

Политички партии, чија крајна цел е да предизвикаат инцидент во Гостивар ги наговараат лицата кои протестираат и ја блокираат депонијата Русино да предизвикаат инциденти. Обвинувањата ги искажа градоначалникот на општина Гостивар во одговрите на прашањата поврзани со последните случувања и како ќе се решава проблемот со депонирањето на смет кој се собира во општина Гостивар.

– Ние од самиот почеток на протестите стоиме зад иницијативата и ја поддржуваме, но некои барања и рокови се нелогични, бидејќи треба да се спроведат јавни набавки. За жал јас им верував на некои од предводниците на иницијативата и се заложив нивните барања да бидат остварени. Добив дека дел ја напуштиле групата откако според моја информација, двајца од нив имале средба со челници на политичка партија и разговарале за организација на протестите. Според нашите сознанија, некои од нив се корисници на наркотични дроги и се регитрирани, а некои се и партиски активисти во ДУИ и ВМРО ДПМНЕ. Не сакам да ги делам луѓето, но сметам дека за да се дискуитира со таква личност е крајно несериозно. Како институција добивме информации дека се планирани инциденти. Од тие причини, ние како локална власт внимаваме во нашите постапки и избегнуваме провокации. Секако дека понатаму стоиме зад иницијативата и ја поддржуваме, речеТаравари за МИА.

Откако е спуштена рампата и се постави жив штит, на локалниот пат до депонијата Русино не е пропуштено ниту едно возило да истовари смет.

Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар” во неколку наврати ја отфрлија политичката заднина и поддршка. Тие и вчера нагласија дека нема да отстапат од барањата: поставување на безбедносни камери, дежурна служба и редовно затрупување со земја за да се спречат пожари

Од ЈП Комуналец информираат дека веќе се соочуваат со проблеми околу прибирањето на сметот. Изминативе два дена го складираат во магацини, но и тие се веќе полни. Дирекотор Исак Љазами побарал од полицијата да помогне и да се одблокира патот и нивна асистенција. Љазами искажа дополнителна загриженост дека во овој период околу 40 тони комунале смет што на дневно ниво се подига, ќе бидат дополнителна закана по здравјето на луѓето. Локалната власт од пред празникот го забрани фрлањето отпад за соседните општини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот