Таравари: Во Гостивар ќе имаме пет мерни станици за квалитетот на воздухот

Во Гостивар до 2017 година немаше ниеден, а наскоро ќе се создаде цела локална мрежа на мерни сензори за следење на квалитетот на воздухот, со што Гостивар ќе биде меѓу првите општини со ваква мрежа.

Ова беше соопштено по денешната средба на градоначалникот Арбен Тарвари со двајца млади гостиварци, Благоја Беловинов и Богдан Јелисковски кои ќе инсталираат два нови мерни сензори.

– Сензоритe ќе го мерат загадувањето според избраниот алгоритам за штетни честички PM 10, 5, 2.5 и други супстанции. Со инсталирање на двата нови сензори, во Гостивар ќе имаме пет мерни станици за квалитетот на воздухот, истакна Таравари.

.Двата нови сензори, се планира да се постават во близина на депонијата Русино и фабриката „Вардар Доломит”, додека постојните мерни станици се наоѓаат кај поранешен „Жито Шар”, големиот пазар и ООУ „Гоце Делчев”. Податоците од двата сензора, заедно со податоците од трите постојни, ќе бидат поставени во апликацијата „Мој воздух” и на веб-страницата на Општина Гостивар.

Прочитајте и...  Најнов ковид-19 пресек во Хрватска: Нови пациенти - 4.009, починати - 51

 

Поврзани вести

Трамп: Испораката на вакцините против коронавирусот почнува следната недела

Слободен печат

Мицкоски најави: ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог за доверба на Владата во Собранието

Слободен печат

Меркел: Граѓаните да бидат трпеливи, се гледа светлината на крајот на тунелот

Слободен печат

Експерт на СЗО: Животот на кој што бевме навикнати пред пандемијата е реален повторно

Слободен печат

ВИДЕО | Путин: Избегната е еколошка катастрофа, но се уште е рано за опуштање

Слободен печат

Племињата креваат глас: Вратете ни ја земјата!

Остави Коментар

MacedonianAlbanianBulgarian