Таравари: Треба да бидат направени поголем број брзи тестови

Според него, во Гостивар со 100 илјади граѓани реално треба да се направат миниум 1.000 тестови за да има објективна бројка колку има заразени граѓани.

Да имав ингеренции во Здравствен дом во Гостивар денеска ќе имаше многу повеќе тестирани, можеби пет – шест пати повеќе. Треба да бидат направени поголем број брзи тестови, имајќи предвид дека тие чинат не повеќе од 10 евра, а резултатите се добиваат за 30 минути до еден час, рече гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари во видео обраќањето во емисијата Топ тема на ваша страна на Телма телевизија.

Според него, во Гостивар со 100 илјади граѓани реално треба да се направат миниум 1.000 тестови за да има објективна бројка колку има заразени граѓани.

-Во Гостивар ситуацијата е релативно стабилна. Има само четири лица заразени со коронавирус, од кои тројца се вработени во болницата, а еден е граѓанин, рече Таравари и додаде дека малиот број на инфицирани во Гостивар е резултат на совесноста на голем број од граѓаните, кои се придржуваат на сите препораки од централниот и од општинскиот кризен штаб.

Според него, во Општина Гостивар се извршените вкупно 140 тестрања, од кои само три посто се позитивни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот