Таравари: Толеранцијата за градење на „диво“ ќе биде нула

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари по посетата на две градилишта во градот на инвеститорите им даде рок од една недела да се урнат градбите кои се надвор од одобренијата за градање.

Таравари заедно со раководителот на секторот за урбанизам и овластените градежни инспектори денеска излегоа на терен и одблизу се запознаа со текот на гградење на колективни згради. По извршениот увид, било утврдено дека во два случаја има отстапување од градежната дозвола и дека градењето се одвива вон габаритот предвиден со постојните деталните урбанистички планови.

Градоначалникот Таравари нагласи дека нема да го менува ставот да нетолерира градењето на „диво” и на инвеститорите им остави рок од седм дена да ги вратат објектите во согласност со дозволата за градба.

Прочитајте и...  Лукаревска: Навремениот и неселективен поврат на ДДВ кон компаниите исклучително важен за развојна економија

– Сум истакнал повеќе пати, толеранцијата за градење на „диво” ќе биде нула. Денеска откривме два случаја на градење вон дозволата за градба. Инвеститорите имаат една недела рок да ги срушат доградбите и да продолжат да го градат објектот во согласност со градежната дозвола. Во спротивно, ние ќе постапиме според нашите надлежности и обврски, рече градоначалникот Таравари.

Од Општина Гостивар упатија апел до инвеститорите за строго придржување на прописите, издадените дозволи, правилата и стандардите при градење, а граѓаните се охрабруваат до надлежните органи да пријават случаи на нелегално градење.

Прочитај повеќе

Во континуитет висок број починати и новозаразени од Ковид-19 во земјава

Слободен печат

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со појава на град

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат

Научници бараат од СЗО да ги смени препораките: Коронавирусот се пренесува и преку воздух

Слободен печат

Вандализам на ловиштата во Македонска Каменица

Слободен печат

Глас за Македонија од Куманово: Борба против корупција, поддршка за мали семејни фирми

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Зибери: 20.000 евра грантови за секој млад фермер под 35-годишна возраст

Слободен печат

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ не смее да каже ни „п“ од правна држава

Слободен печат

Мицкоски: Заев и СДСМ се “доктори по наука” за криминал, пљачка, корупција и национално предавство

Слободен печат

Заев: Груевизмот и лажниот патриотизам завршија, продолжуваме по вистинскиот пат

Слободен печат

Неофицијални резултати: ХДЗ освои 71 мандат

Слободен печат

Дурловски од Крушево: Јавно ја прашувам Шекеринска дали СДСМ стои зад заложбите на БЕСА со кои се заговара кантонизација на Македонија

Слободен печат