Таравари: Со Курти ќе започне нов ден за Албанците во Косово

Фјесбук

Ако во Косово и Метохија победи Движењето на Самоопределување и Аљбин Курти, за Албанците ќе „започне нов ден“, уверен е градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој порачува дека „албанската пролет започнала“.

По престојот на Курти во Гостивар, Таравари на својот Фејсбук профил ги повикал Албанците да гласаат за Самоопределување, велејќи дека во Курти го гледа „лекот“ за заздравување на косовското општество и благосостојбата на сите Албанци.

Споредувајќи ја политиката со карцином, како една од најагресивните дијагнози, Таравари вели дека државните институции се вплеткани во криминал.

Добрата вест, како што вели тој, е што овој рак е се лечи, но додава дека за тоа е потребно единство, односно сите да се ангажираат.

„Поаѓајќи од Косово и продолжувајќи до Северна Македонија, акцијата започна, албанската пролет започна! Затоа, ги повикувам сите Албанци во Македонија да го поддржат Самоопределување во Косово. Со победа во Косово, тоа ќе биде најголемиот чекор кон спасување на нашите фамилии од карциномната власт која го загрозува нашиот живот. Нека победи Самоопределување во Косово, нека дојде нов ден за Албанците“, напишал Таравари на својот профил на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот