Таравари смета дека членовите на Комисијата за заразни болести потпаднале под влијание на политиката

Членовите на Комисијата за заразни болести треба да се заменат, бидејќи потпаднале на политичките влијанија, смета Арбен Таравари гостиварскиот градоначалник и секретар на партијата Алијанса за Албанците. Ваквиот став го соопшти во оценка за актуелните состојби со пандемијата во земјава.

На денешната средба со новинарите, Таравари ги коментираше бројките од статистиката на здравствените власти за КОВИД-19 и напомена дека Владата избрзала со укинувањето на полицискиот час. Тој критички ја оцени препораката на комисијата за заразни болести според која се олабавија мерките за заштита од корона вирусот.

– Јас имав особен респект кон членовите во комисијата и нивната работа. За жал, морам да констатирам како обичен граѓанин и лекар со 20 годишен стаж, дека не требаше да потпаднат под влијанието на политиката. Ќе разберев ако владата побарала да се укинат мерките, но тоа не го очекував од комисијата. Требаше да кажат дека мерките не треба да се повлечат одеднаш, туку постепено. Заради ова, комисијата треба да се смени и да се почне отпочеток, за да немаме трет или четврт бран. Убеден сум дека има авторитетни и стручни лица кои ќе ги заменат и при одлучавањето ќе се водат од нивната професионалност рече Таравари

Гостиварскиот градоначалник, на брифингот искажа и незадоволство од работата на здравствените власти и начинот на кој се справуваат со корона вирусот. Според него, Македонија има најголема смртност, за која рече дека е неколкукратно поголема во споредба со земјите од регионот.

– Власта коментира дека празничните собирања и непослушните граѓани имале влијание врз зголемувањето на бројките. Не, за тоа е виновна власта, бидејќи не ги спроведува мерките во целост. Не смее да бидат попустливи кон никого и нека не се однесуваат како набљудувачи и недолично да коментираат, туку да се зафатат со работа, рече Таравари.

Според него прва мерка би требало почеток на кампања со која луѓето ќе се запознаат со болеста и како да живеат со неа, на тој начин како вели, луѓето ќе ја подигнат свеста и ќе го намалат ризикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот