Таравари се сретна со бугарскиот амбасадор Ангелов

Таравари на средба со Ангелов/Фото: АА

Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари заедно со генералниот секретар на партијата, Кренар Лога, се сретна со Ангел Ангелов, амбасадор на Бугарија во Скопје.

-Со амбасадорот Ангелов се договоривме за неопходноста од негување добрососедски односи помеѓу Северна Македонија и Бугарија, во европскиот дух на договорот за пријателство меѓу нашите две земји. Нагласив дека Алијанса за Албанците, како што го поддржа францускиот предлог и преговарачката рамка за Северна Македонија, ќе ги поддржи и уставните измени за отворање на преговорите за членство во ЕУ и дека покрај ова, ќе продолжиме со длабоки реформи во правосудството за борба против чумата на корупцијата. Ги истакнав историските пријателски врски меѓу нашите народи и држави, како и волјата на Алијанса за Албанците за нивно проширување и продлабочување. Во таа насока, ја изразив нашата безрезервна поддршка за завршување на инфраструктурните поврзаности долж коридорот VIII, од Драч до Варна, каде Северна Македонија е поврзувачки мост меѓу Бугарија и Албанија, соопштија од Алијанса за средбата на Таравари со Ангелов.

Партијата нагласува дека со амбасадорот Ангелов се договориле да го продолжат дијалогот во поглед на европската иднина на Северна Македонија и закотвувањето на регионот во западниот блок, далеку од злонамерните влијанија на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот