Таравари се откажува од новогодишно украсување, средствата ќе ги донира

Арбен Таравари/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари преку објава на својот фејсбук профил посочи дека буџетските пари, што се определени за украсување за Новата година, ќе ги донира во Центарот за аутизам, кој се гради во Гостивар.

„Горд сум, што можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишните празници јас и мојот тим планираме да ги подариме таму каде што е најпотребно, во Центарот за аутизам, што се гради во градот. Верувам дека секој ќе биде согласен оти ќе го избегнеме јавното украсување за Новата година, така ќе заштедиме енергија, но над се ќе придонесеме таму каде што има повеќе потреба, како што е Центарот за аутизам, напиша тој во својата објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот