Арбен Таравари, министер за здравство/Фото: Скриншот

Таравари се огласи откако 32-годишник почина во кумановската болница: Eкспертски тим од МЗ ќе ги разгледа сите факти за смртта

Министерот за здравство, Арбен Таравари утрово се огласи откако вчера во болницата во Куманово починал 32-годишник. Во објава на социјалните мрежи, Таравари напиша дека експертски тим од Министерствотото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта.

„Јас сум на првата линија на кочанската трагедија и срцето ми е скршено деновиве, а за Ведат беше уште еден удар… Изразувам сочувство до семејството!.Ја чувствувам болката на неговиот татко, кој со свои нозе го однел синот во болница! Го разбирам неговиот револт кон докторот за кој се сомнева дека направил лекарска грешка! Наредив експертски тим од Министертвото за здравство да ги разгледа сите факти и доколку тоа се докаже, ги повикувам правосудните органи строго да го спроведуваат законот! Без никаков компромис бидејќи грешките ни ги земаат најскапоцените работи…, стои во објавата на првиот човек на македонското здравство“, напиша Таравари.

Таткото на Ведат Адеми (Амет Адеми)  изјави дека син му починал поради алергиска реакција на терапијата што му ја администрирале. Директорот Трајановски на прашањето на „Слободен печат“ дали терапијата што пациентот ја примал вечерта кога првпат дошол во кумановската болница и утредента во 11 часот била истата, не беше сигурен.

Трагедија во Куманово: Му вклучиле инфузија и за неколку секунди имал реакција, а за 1 час починал – ќе се испитува дали алергија на аналгин е причина за смртта на Ведат Адеми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот