Таравари: Само да го потсетам Костадинов дека не е тој што ја проценува работата на пратениците

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов побарал од пратениците да ги вратат платите, бидејќи, според него, тие не си ја завршиле работата за која се плаќаат, реагираше Арбен Таравари од Алијансата за Албанците преку соопштение.

– Како прво, го потсетуваме пратеникот Костадинов дека Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива си ја извршува работата точно како што ја има добиено довербата од граѓаните. Еден од примарните и главни ангажмани на нашата програма „Држава за сите” беше и промената на амандманот на законот за државјанство за овозможување признавање на правото на државјанство по автоматизам за граѓаните родени во Северна Македонија, граѓаните коишто живееле легално најмалку пет години во СМ, или, пак, што склучиле брак со граѓанин на оваа држава, според сите одредби на Европските права. Вчера со одбивањето на било каков компромис, или хармонизирање на двата нацрт закони во парламентарна процедура, СДСМ всушност покажа дека тие се главните одговорни за блокирање на Собранието. Како второ, нам ни е драго дека пратеникот се загрижил за даночните обврзници. Ако тој е искрен со неговата загриженост, ние го повикуваме да наместо загриженоста за платите на пратениците да се заангажира за враќање во касата на државата на сите узурпирани и украдени милиони од страна на политичарите од неговиот политички субјект заедно со коалиционите партнери, вклучително и милионите од аферата Маѓар Телеком, рекетираните милиони од бившите другари внатре и околу СЈО, милионите на М-НАВ за случајот Леонардо и многу други злоупотреби со народните пари во текот на четиригодишното владеење на оваа коалиција којашто ги има срушено сите рекорди во светските ранг листи на корупција, наведува Таравари.

На крај, додава тој, го постетуваме пратеникот дека не е тој што ја проценува работата на неговите колеги, туку е народот којшто сега веќе без никакви разерви ја поддржува коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива.

– Го повикуваме пратеникот да си ги извршува неговите должности давајќи предлози за решение за деблокирање на Собранието, кое што нема да произлезе со усмерување на прстот кон опозицијата. Во демократија товарот на пронаоѓање на решение во интерес на граѓаните пред се ѝ припаѓа на владата.  Повелете, ги слушаме вашите предлози, наведува Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот