Таравари: Промената доаѓа преку слободни и фер избори

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат во Северна Македонија на 15 јули. Шефот на Централниот штаб на АА за предвремените парламентарни избори 2020 година, Арбен Таравари ги повика сите активисти на коалицијата АА-ААА и „другите” да обезбедат слободно гласање за граѓаните, затоа што според него промената доаѓа само преку слободни и фер избори:

Како шеф на Централниот штаб на Алијансата за Албанците за предвремените парламентарни избори во 2020 година, ве молам граѓаните да не се закануваат, нека гласаат со срце за тие што сметаат дека заслужуваат да бидат во Собранието на Република Северна Македонија.

Граѓаните се целосно свесни дека СЕГА Е ВРЕМЕ!

Како граѓанин, овој апел се однесува и на активисти на други политички партии!

Грижете се за вашето здравје!

„ЗА МИР”, изјави Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот