Таравари предлага онлајн настава или два месеца зимски распуст, повеќе градоначалници го поддржуваат

Фото: ТВ21/принтскрин

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на денешната седница на Советот за развој на Полошкиот Плански Регион предложи учениците зимава или да посетуваат онлајн настава или да се продолжи зимскиот распуст на два месеца, за да нема високи трошоци за затоплување на училниците и просториите. Повеќе други градоначалници го поддржаа предлогот на Таравари.

„Бидејќи сметките за електрична енергија се повисоки од минатата година, одлучивме како идеја да предложиме зимскиот распуст за децата да трае два месеца, во декември и јануари или во јануари и февруари, така што децата потоа преку лето да имаат пократок распуст и учебната година да трае до 30 јуни, а новата учебна година да започне на 15 август. Или евентуално во трите месеци од зимата, декември, јануари и февруари наставата да биде онлајн. Ние сме горе-долу дигитализирани, имаме добри искуства во време на пандемијата и зошто сега ова повторно да не се примени во насока на заштеда на електрична енергија. За ова ќе ни треба поддршка од Министерството за образование и ЗЕЛС, а нас нé поддржуваат и други градоначалници“, изјави Таравари.

На седницата на Советот на Полошки Плански Регион се дебатирало и за можноста за нов проект околу менаџирање со отпадот, како и за регионалната соработка за справување со кучињата скитници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот