Таравари пред Пендаровски како Обама: Бог да го благослови Гостивар, ова ми е последен мандат

арбен таравари
Арбен Таравари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во обраќањето на прославата по повод Денот на општината соопшти дека нема третпат да се кандидира за градски татко, со објаснување дека „два мандата се доволни за јавните функционери да ја покажат и докажат својата работа“, објави порталот Гостивар прес.

„Знаете дека неодамна гостиварци ја дадоа довербата на нашиот тим и мене за втор мандат! Како што сум проамериканец, како објективен поддржувач на американскиот устав, мислам и верувам дека два мандати се законски и дефинитивно фактички доволни за секој носител на функција. Така, овој втор мандат го сметам за мој последен мандат или мој проштален мандат“, рече меѓу другото Таравари.

„Нека ни е со среќа општината и секогаш да биде во служба на Гостивар. Бог да го благослови градот што владее во Полог од древните времиња и кој што од нашите предци ни е запишан во срцето!,“ го заврши гостиварскиот градоначалник емотивниот говор на општинската свеченост.

На свеченоста присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, поранешните градоначалници на Гостивар Енвер Зенку и Џемаил Реџепи, пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче и други гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот