Таравари: Оставката на Филипче е готова работа, германските експерти да ги разгледаат сите модуларни болници

Арбен Таравари / фото: скриншот

Гостиварскиот градоначалник и поранешен министер за здравство, д-р Арбен Таравари, во гостувањето во дневникот на телевизијата Сител дека проблемите кои деновиве се актуелизираат поради трагедијата во тетовската болница, се присутни во здравствените установи низ целата земја.

Според него, оставките на Филипче и другите функционери околу овој случај се „готова работа“ и оти треба само да се стават на седница и да се изгласаат.

„Ние сме дефокусирани во моментов. Не зборуваме за пожарот, туку за моралниот чин на оставките. Тоа е готова работа. Треба да се стават на седница и да се стават нови луѓе во министерството и здравствената установа во Тетово, изјави Таравари. Тој бара германските експерти кои треба да пристигнат во земјава и да бидат дел од истрагата за пожарот, да бидат однесени и во другите модуларни болници, за да ги разгледаат и да видат дали ги имаат потребни услови“, рече Таравари.

„Истрагата ќе покаже кој е виновен за ова. Сметам дека во моментов не треба да се затворат другите модуларни болници, но ако не ги исполниле условите воопшто не требало да се отворат“, додаде Таравари.

Тој му забележа на министерот за здравство Филипче дека пет или шест пати бил во Гостивар од почетокот на пандемијата, а притоа, како на градоначалник на градот, не му се јавил „ниту да испијат едно кафе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот