Таравари обвинува: По 31-ви октомври ќе објавиме снимки, факти и аргументи дека има многу неважечки листови

Арбен Таравари/ Фото: Архива на „Слободен печат“

„Не можеме да откриеме каде е ујдурмата, но дефинитивно има многу неважечки листови. Дефинитивно некој ги заокружувал гласачките ливчиња. Не знам како успеаја, но се надевам дека ќе ги победиме уште повеќе во вториот круг, обвини генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за Сител. Како што вели тој, во првиот круг на локалните избори во Гостивар, според нивните математики и пресметки тој победил, но потоа се случило нешто што не можел да го објасни и за 30 гласа не поминал во првиот круг за градоначалник на општината.

Според Таравари имало многу неважечки листови, додека аргументите ќе видат обелоденети по 31 октомври

„ Ќе ги згазиме во вториот круг, па ако треба ќе одиме и на трет, на четврт круг. Полициската станица во Гостивар е претворена во втор штаб на ДУИ. Сите факти и аргументи ќе ги објавиме по 31 октомври, бидејќи ако ги објавиме претходно граѓаните ќе се згрозат. Овие снимки се испратени и до претседателот на државата, до министерот за внатрешни работи…Очекував барем од претседателот на државата да каже барем пола збор”, вели Таравари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот