Таравари: Ни претстои тежок период и треба да бидеме подготвени на сè

арбен таравари
Арбен Таравари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Гостивар не е во зоната на критични, но поради сезонскиот грип состојбата може да се измени.

Гостиварските општински власти од понеделник ќе решаваат како ќе работи администрацијата. Препораките за организирање на работата од Владата стигнале пред два дена, а на конечната одлука ќе претходат консултации со правната служба.

По принцип на ротација во рок од две недели, скратено работно време, работа од дома или поинаку се можните варијанти за начинот на кој општинските службеници би требало да работат.

– Препораките од Владата стигнаа во средата и јас документот го предадов на соодветните служби. Се договоривме во понеделник да одржиме состанок и да ги разгледаме, по што се надевам дека ќе го утврдиме начинот и конечната одлука за начинот на работа, вели градоначалникот Арбен Таравари.

Тој посочи дека препораките за новиот начин на работа немаат законска обврска, но сепак вели општинските власти треба да имаат план во случај на влошување на ситуацијата. Засега според бројот на заразени, Гостивар не е во зоната на критични, но поради сезонскиот грип состојбата може да се измени.

– Според предвидувањата на експертите ни претстои тежок период и треба да бидеме подготвени на сè. Мораме да работиме на превенцијата и да не дозволиме ширење на вирусот влошување на состојбата како што тоа го има во останатите градови, вели градоначалник Таравари.

На прашање на МИА кога повторно ќе биде свикан состанок на меѓуопштинскитот кризен штаб, градоначалникот одговори дека е постојано во контакт со надлежните институции, но засега немало потреба. Доколку се сменат состојбите и биде неопходно, како што нагласи, ќе го свика.

До вчера во гостиварскиот регион имаше 111 активни случај, половина од нив се на територијата на Општина Гостивар, а преостанатите во општините Врапчиште и Маврово Ростуше. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот