Таравари: Нема договор за постигнување трипартитна коалиција

Таравари не сакал да каже која од овие две партии, Алтернатива и БЕСА, има повеќе шанси да коалиционира со Алијансата за Албанците.

Трипартитна коалиција помеѓу Алијансата за Албанците, Движењето БЕСА и Алтернатива нема да се случи. Ова го изјавил за ТВ21, секретарот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

– Конечно трипартитна коалиција не може да се постигне. Денеска или утре ќе се сретнеме со двете страни, и после тоа ќе има состанок Централното раководство на партијата, за да одлучи со која партија ќе направи предизборна коалиција, изјавил Таравари.

Таравари не сакал да каже која од овие две партии, Алтернатива и БЕСА, има повеќе шанси да коалиционира со Алијансата за Албанците.

Причината поради која не се постигнал договор е одбивањето на Алтернатива да коалиционира со Движењето БЕСА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот