Таравари: Можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Мицкоски јавно се извини

Арбен Таравари/ Фото: Архива на Слободен печат

Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците, вечерва на ТВ21 рече дека можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива. Како што рече тој, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно се извинил за 27 април.

-Тоа е голема порака – рече Таравари.

Тој додаде дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде Албанците се напишани како етничка заедница со 20 отсто од населението.

-Тоа, би било прецизно напишано како Албанци, наместо 20 отсто – истакна тој.

Таравари како едно од можните решенија за надминување на оваа состојба и добивање на датум бидејќи како што вели, веќе е јасно дека Владата нема капацитет, го спомна и формирањето на техничка Влада со цел заедничко превземање на одговороноста на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.

-Бараме техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија, да добиеме датум за преговори со Евроската унија, и веднаш да одиме на нови парламентарни избори заедно со локални- додаде Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот