Таравари: Министерот мора да донесе одлука приватните клиники да ѝ се стават на располагање на државата

Арбен Таравари/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ 24, поранешниот министер за здравство Арбен Таравари изјави дека моменталната ситуација со коронавирусот во Македонија е алармантна и дека е крајно време министерот да донесе одлука сите капацитети, вклучувајќи ги и приватните, да ѝ се отстапат на државата.

– Алармантно е максимално, гледаме бројките се загрижувачки. Во Велика Британија имаше 254 починати, кај нас има 263 починати. Ова се загрижувачки бројки, да не зборуваме за капацитетите во болниците. Како лекар зборувам, повеќето пријатели ми кажуваат дека нема место по болниците, има огромен број пациенти кои се третираат во домашни услови. Мора државата да направи протокол по кој ќе се водат фамилијарните доктори, сѐ уште не можам да разберам зошто министерот не презема чекори приватните болници да бидат напомош. Таму се плаќа петпати, па и десетпати поскапо. Крајно време е министерот да донесе одлуки сите капацитети, и во приватните клиники, да ѝ се отстапат на државата, додека трае овој трет пик. Македонија е на петто место во светот по починати на милиони жители за последните 7 дена, од 153 држави кои се испитуваат, кои даваат официјални податоци. Први сме во регионот по стапна на паталитет, за жал недостасуваат се уште вакцини, последни сме во регионот, вели Арбен Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот