Таравари: Мијалков ќе се брани од слобода, може дури и да биде амнестиран

арбен таравари
Арбен Таравари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Партизацијата на судовите и обвинителството, нè доведува до ситуација кога никогаш немате епилог на судски процес, рече во емисијата „Патот кон …“, високиот функционер на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, коментирајќи го ставот на Обвинителството за укинување на затворскиот притвор на Сашо Мијалков, за кого рече дека е сигурен дека ќе се брани од слобода. Таравари дури не ја исклучи можноста за амнестирање на Мијалков.

„Се разбира, ништо различно не се очекува од оваа влада. Знаете, Мијалков беше пуштен еднаш, тој замина, тогаш не знам каде го принудија премиерот Заев да го повика да се врати, виде како се врати, пред камерите, ниту врзан ниту затворен, се појавија пред судот по два дена, додека никој не знаеше каде е. И, се разбира, судовите се такви какви што се како резултат на дискредитација и дегенерација на судскиот систем овие последниве 20-30 години. И оваа ситуација, судот и обвинителството не се резултат на проблеми што се една година или две, ова е партизација на судовите и обвинителството, не носи во ситуација кога никогаш немате епилог на судење. И јас сум повеќе од сигурен дека дури и Мијалков, ви гарантирам дека тој ќе се брани од слобода, може да биде дополнително амнестиран“, изјави Таравари.
Видео на денот