Таравари: Ќе имаме внатрепартиски референдум за влезот на Алијанса во власта

Тесното партиско раководство на Алијансата за Албанците ќе биде тимот кој ќе преговара за евентуален влез на партијата во власта, соопшти вечерва лидерот Арбен Таравари, по одржувањето на состанокот на Централното претседателство. Тој посочи дека влезот во владата ќе биде условен со програмските барања на партијата, но на крајот, за тоа дали Алијанса ќе биде дел од владата ќе се одлучува на внатрепартиски референдум.
„Денеска, утре и задутре, ние ќе седнеме,веќе имаме стратегија, но уште еднаш ќе направиме што планираме да биде програма на Владата ако се прошири и кои ќе бидат нашите услови. Понатаму и за кадровските решенија ќе зборуваме. Ако ни ги исполнат барањата посебно програмските барања, не толзку кадровски, тогаш ќе ги слушнеме и членовите на АА и ќе донесеме одлука дефинитивна, јас се надевам не за долг период, за многу кратко ќе се одлучи ова или сме или продолжуваме во опозиција ние сме навикнати на опозоција не ни е проблем тоа. Во меѓувреме ќе организираме и внатрепартиски референдум и за нас како раководство за партијата е многу битно тоа што ќе го кажат 11.500 членови на АА. Ние мораме да го слушаме гласот на членството како што го слушаме и гласот на обичниот граѓанин“, изјави Таравари.
За уставните измени, како што посочи Таравари, неговите пратеници ќе гласаат, но бројката од 80 парламентарци зависи од ВМРО ДПМНЕ, a не од АА.
„Без пратеници од ВМРО ДПМНЕ не се стига од 80 пратеници, така да целта ни е да дадеме шанса да се направат 80 пратеници, не зависи од нас, ако зависеше од нас ќе ја направивме бројката од 80 пратеници“, рече Таравари.
Попладнево претседателството на Алијанса за Албанците во седиштето во Тетово ја одржа најавената средба по одлуката минатиот викенд на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим за учеството на партијата во Владата. Таравари пред средбата изјави дека сѐ уште немаат конкретна понуда од премиерот Димитар Ковачевски за влез во владејачката коалиција.
Тимовите за преговори стокмени, викендов средба Ковачевски – Таравари