Таравари: Градската куќа во Скопје да стане институција за деца со посебни потреби

арбен таравари
Фото: Фејсбук

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари предлага Градската куќа во центарот на Скопје да биде пренаменета за специјална институција за престој и третман на деца со посебни потреби.

– Барокната зграда, Градска куќа, во центарот на Скопје, идеално место за основање на специјална институција за целодневен престој и третман за деца со посебни потреби! Да ја покажеме нашата искрена заложба за оваа категорија на граѓани! – напиша поранешниот министер за здравство, Таравари на Фејсбук.

Градската куќа деновиве се најде во средиштето на препирки меѓу власта и опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот