Таравари го почна новиот мандат во Гостивар, мнозинство во Советот имаат Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ

Арбен Таравари на конститутивната седница на Советот на Општина Гостивар / фото: Фејсбук

Со врачувањето на уверенијата на избраниот градоначалник, членовите на Советот на општина Гостивар и одржувањето на конститутивната седница, денеска е означен почетокот со работата на новата локалната самоуправа.

На пригодна церемонија, Општинската изборна комисија на Гостивар претпладне ги врачи уверението за нов четиригодишен мандат на Арбен Таравари за градоначалник и уверенијата на членовите на општинскиот Совет според остварените резултатите од Локалните избори 2021.

По преземањето на уверенијата беше организирана и конститутивната седница на која беа верификувани мандатите на 29 членови од вкупно 31 член, кои ги потпишаа свечените изјави. По верификацијата на мандатите, беа формирани и две комисии во состав на Советот.

Според претходно постигнатиот договор, мнозинство во Советот имаат коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива (10), ВМРО-ДПМНЕ (4), Демократска партија на Турците во Македонија (3), Демократски сојуз на Ромите (1) и Беса (1), кои ќе даваат поддршка на градоначалникот. Опозициски ќе делуваат ДУИ со девет и СДСМ со три советници.

Според дискусиите и најавата, претседателот на Советот и членовите на останатите комисии ќе бидат избрани на првата наредна седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот