ВИДЕО | Таравари: Eдинствена грешка кај министерот Филипче е што ја брани Комисијата која што ја изгуби битката

Арбен Таравари/ Фото: Архива на Слободен печат

Гостивар е меѓу градовите кои што има помал број на активни случаи. Како локална администрација одлучивме да работиме во смени, во денови. Имаме комуникација со гостиварската болница. Одделот за инфективни болести е 80 отсто исполнет, но и другите оддели се спремни да интервенираат доколку е потребно, рече во телефонско јавување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари.

-Не очекуваме од Филипче да биде компетентен да ја менаџира оваа ситуација. Мислам дека единствена грешка кај министерот е што ја брани Комисијата која што ја изгуби битката. Оттаму само тераат демагогија дека сè е под контрола, а не е така. Државата сè уште нема алгоритми како да се третира болеста во различни стадиуми. Караџоски без да ми се налути, смета дека треба да му рече на министерот да донесат нови луѓе кои што би помогнале. Во таа комисија има луѓе кои што се назначени во 2017 а се немат појавено, ниту некој ги викнал да учествуваат во нејзината работа, изјави Таравари.

Целиот разговор проследете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот